ЕУРОПОЛАР, своето постоење го бележи во 2000-тата година, како една од првите фирми кои сериозно и амбициозно го освојуваат пазарот со уреди и системи од областа на централната климатизација и вентилација.
Почетоците, скромни и сигурни, не случајно беа забележани од задоволните корисници на уредите и услугите, притоа трасирајќи го патот на квалитетот, навремените изведби и брзите сервисни интервенции.
Континуирано и систематски ги следи крупните чекори што ги прави современието во областа на климатизацијата и вентилацијата, притоа претставувајќи ги и применувајќи ги трендовите на европските и светските фирми кои секојдневно го освојуваат пазарот. Со имплементирањето на нивните производи во објекти кои ги проектира и изведува, Еурополар може успешно да одговори на се посложените барања од страна на инвеститорите.
Клима уреди за вашите станови, куќи или викендици. Различни модели на клима уреди за канцеларии, ресторани, супер маркети, продавници итн.
Големи системи, денес популарни како ВРФ или капацитет по потреба.
За мали системи за враќање топлина до големи клима комори. Еурополар нуди широк спектар на решенија за вентилација за да овозможи свежа, здрава и удобна околина за станбени, комерцијални и индустриски простории.
Проектирање и изведба на системи за греење на домаќинства и индустрија. Изворот на енергија може да биде котел на дрва, пелети, нафта, струја, централно од Топлификација, соларен систем и сл.
Оддавањето топлина може да оди преку радијатори, подно и зидно греење, вентилоконвектори и сл.
Нашите вработени секогаш се на врвот на задачите. Нашата изведба е со голема професионалност изнаоѓајќи го вистинското решение за вашите потреби
Ние не само што го идентификуваме проблемот туку и нудиме докажано решение кое ќе ги задоволи вашите потреби како за ладење така и за затоплување.
Со повеќе од 20 години со климатизација, вентилација, греење, монтажа и сервис го докажуваме нашето искуство и професионализам
Нашата услуга може да си ја дозволи секој. Контактирајте не со вашето барање за да добиете прецизни цени